швабо

Сеирџиски блог и ич не ми чуе

Легализација на дивоградбите

Posted by svabo on јануари 25, 2012

Се сеќавате на кампањава???

YouTube Preview Image

Одличен закон за непочитувачите на законите. Но имало и скриен зајак. Уште пред да помине терминот на пријавување на дивоградбите со кое власта се здоби со попрецизна евиденција за дивоизградените објекти, истата таа власт крчкала предлог закон за дополнување на законот за градба со кој се сака за сите оние на кои ќе им се одбие барањето за легализирање на дивоградбата да плаќа месечни пенали во висина од 3%  од вредноста на објектот сметано од денот на правосилноста на решението до денот на исполнување на обврската.

Линк до предлог законот.

Но за среќа на истите непочитувачи на законите, опозицијата заедно со ДУИ не дозволиа да се изгласа предлог законот. Кој има среќа, има. :mrgreen: Ама замислете ја оваа дволичност. И замислете па која можна злоупотреба е спречена денеска.

Posted in општество | Tagged: | 7 Comments »

ТРЕНДО си оди од ОН.НЕТ?

Posted by svabo on јануари 12, 2012

Пренесена вест:

Сашо Мацановски Трендо си оди од он.нет? Ова ние се прашуваме откако деновиве го побаравме за интервју врзано за блогерајот, а добивме само кус повратен одговор – „се одјавувам деновиве комплетно од on.net, блогерај, zulu, one“.

Повеќе детали не добивме. Дали привремено, поради одмор, или дефинитивно, заради други професионални предизвици.

Трендо (44) е популарна фаца во Македонија. Беше ТВ креатор кој прв почна да прави откачени ТВ емисии (Валкан експрес), уредник на вести, колумнист во весник, уредник на првиот сајт (on.net.mk) кој привлече внимание и ги навикна Македонците на Интернет комуникација, основач на македонскиот блогерај во кој многу вложи, но наиде на критики од блогерите, а најголема слава постигна како водител на квизот „Милионер“.

Тој е дипломиран социолог, оженет е со сценаристката Зорица Црношија и татко е на две деца, Мате и Бела.

Валентина Ѓоргиевска Парго

Извор: БезПардон.Мк (http://www.bezpardon.mk/trendo-si-odi-od-on-net/)

Posted in блогосфера | Tagged: , , , , , , | 9 Comments »

малиот Авганистанец

Posted by svabo on јануари 11, 2012

И тоа се случи, големиот демократа из Авганистан откако не му се допадна укажувањето дека е неинформиран, прво почна да навредува а после кликна таму и коментарите ги стави на модерирање и после ми го избриша коментарот. Коментарот го сочував, додуше не е баш најпристоен ама тоа е, акција-реакција. :mrgreen:

- Море сељо ни заеден, поарно признај си дека не си чул за нив, не се брукај поеќе. Кој сарказам бе неписмен еден, оди чисти клозетите на америте таму не се брукај. Каде гледаш сарказам овде?
@Интересна ситуација имавме вчера, кога на еден наш портал се појави напис од некој господин, или госпоѓа со име Плоштад Слобода, а во кој напис се критикува новата Порта Македонија. Чудно име за човек, но таков е кај нас политичкиот живот, па и вакви чудни имиња се можни.
- хихихихихи гомнар ни заеден.
@Гледате…како една индивидуа, или можеби повеќе нив се задскриваат зад анонимноста.
-Буахахахахаха, се утепа од пишуење сарказам. Ај пробај проза да пишуеш. Можда ќе ти тргне.

__________________

А за текстот? Што да кажам. Чоевекот нешто чул па не дочул. Пишува шпекулации на кило. Ќе ви дадам само два примера и доста му се, тоа е 2/3 од постот. Значи, споменува градежни афери а го мрзело малку да прогугла и да се информира. Еве, го спомнува ЛУМИКС, тврди дека “клетиот“ сдсм го шитнал местото. А вистината е сосема друга. Тогашниот министер за урбанизам Душко Кадиевски ја дал престижната локација на централниот плоштад за цена од 200 германски марки за квадратен метар на австриската фирма “Лумикс, Драгиша и други”, со непосредна спогодба меѓу Владата и фирмата, неколку дена пред да биде сменет од тогашниот премиер.
Хронологијата со доаѓањето на неговиот наследник и сопартиец од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Балковски, се одвиваше во насока на запирање на подготвителните работи за објектот и судско обжалување на решението за локацијата.
http://www.makedonskosonce.com/broevis/2003/sonce480/Tekst24.htm

Го спомнува и кинескиот ѕид каде што вели: “Предвидена е маркичка за изградба на зграда висока 34 метри  и дадена дозвола на инвеститор за изградба во време на предходната власт на СДСМ, а не на оваа сегашната.“ А вистината е сосема друга а таа е дека Во процесот за кинескиот ѕид не се отвори прашањето зошто министерството за транспорт и врски пред изборите во 2002 та го продало атрактивното земјиште за скромни 200 илјади евра и зошто општина Центар експресно издала градежна дозвола за огромен објект на локација во Градски парк. Главните актери засега остануваат на слобода.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=20398&egId=13

Градоначалник на општина Центар во периодот 2000-2009г. е г-ѓа Виолета Аларова. :mrgreen:

http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D1%82%D0%B0_%D0%90%D0%BB%D0%B0%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B0

Понатаму е беспредметно да го анализирам и да го читам. Човекот е лит, некултурен, нема доблест да си ја признае грешката (сите грешиме) и ако увиди дека згрешил станува безобразен. Такво мало човече Швабо више не го чита. Нема што да се научи од него. :mrgreen:

Posted in блогосфера | Tagged: , , | 11 Comments »

Последен поздрав до пријателот

Posted by svabo on јануари 8, 2012

Гроздан ПоповНекои го запознаа Тито, некои Глогоров, некои Љубчо, Бранко или Грујо, но мене ми е ептен мило што го запознав Dedi. Изгледа јас сум еден од неколкуте блогери кои ја имаа таа среќа да го запознаат Dedi па би сакал во кратки црти да го споделам тоа искуство и неговото размислување за блогерајот.

Кој не ги читал неговите постови и  не слушнал за него овие два дена сигурно прочитал за овој голем човек, и јас нема да му го пишувам CV-то зошто така неможе да се долови еден таков посебен човек. Dedi беше подвижна енциклопедија за случувања кај нас и во светот, и како што се вели еднаш новинар, стално новинар. Он не беше занатлија па да поправа или работи некои занатлуци во слободно време, он беше новинар и знаеше да го користи перото. Тоа го правеше и тоа со страст.  Во некои наши допишувања на блог Dedi ме поттикнуваше да пишувам што поеќе и покушаваше да ми го вреже тоа дека моќта на пишаниот збор е огромна. Полагаше голема верба во блогерајот како медиум дека ќе има големо влијание врз општеството и дека преку блогерајот ќе се вреднува јавното мислење. Во неколкуте наши средби во Скопје немаше крај на нашите разговори, и кога ќе му пријдеше некој познаник, мене ме представуваше како добар пријател кој е исто така БЛОГЕР. По тоа ќе видите дека Dedi многу го ценеше блогерајот. А таква новинарска легенда која работела во Нова Македонија, Вечер, Танјуг и којзнае каде уште, и кога ќе ве стави на исто рамниште, е тоа е навистина чест.

Линкот до блогот се викаше apsurdi а насловот на самиот блог беше “ДЕТСКИ ПРИКАЗНИ“, и уште во старт се препознаваше дека се работи за искусен човек во пишувањето. Во постовите укажуваше на апсурдните делови на општеството и на живеењето а преточено како во детски приказни. Подобар о поплоден пишувач нашиов блогерај немаше.

Dedi знаеше отворено да го искаже своето мислење по некоја тема и често не беше правилно сватен. Беше напаѓан од некои млади усвитени глави а и од понекое партиско војниче и во еден момент на човекот му прекипи. Се разочара и во Блогерајот како медиум и во Трендо како уредник на Блогерајот зошто никако не сакаше да воведе ред во пишувањето, и затоа го напушти блогот. Ми рече дека и покрај далечината на местото на живеење, нападите и погрдните зборови сепак го погодуваа и на моменти за него беа неиздржливи.

И за крај би сакал да се простам со човекот кој се сметавме за вистинскии пријатели.

Деди пријателе, почивај во мир и знај дека уште долго ќе бидеш споменуван по добро и дека Ти имаш оставено длабог белег во овој блогерај. Збогум господине Гроздан Попов.

Туристички придружник за ТурцијаПосвета

Posted in лично | Tagged: , , , | 8 Comments »

Поповите против Владиците, постењето и паганството

Posted by svabo on јануари 6, 2012

Не ми е јасно, како може владиката (шефот) да кажува едно а Попот (хиерархиски потчинетиот) да си тера по свое. Одамна владиците велат дека Бадникарските огнови, печењето колбаси и пиењето ракија се во апсолутна спротивност со начинот на кој верниците треба да ги одбележуваат деновите пред Божик. Еве нека нема колбаси, нека е риба пржена, демек посно, ама за време на пост има одредени денови кога испосникот може да јаде риба, а не кога ќе му текне. Видете го попчево како си крка. Што мислите, пости?

Но друго ми беше зборот. Ако владиците велат дека Бадникарските огнови се дел од паганските обичаи и дека делење бадникови гранчиња се обичај на Српската Православна Црква, кажете ми кој мој бараат поповите да ги благослуваат бадниковите огнови? Или, батали верата, батали Владици, глеј си го џепчето. Денес да зееме некое париче па утре наново ќе го проповедаме христијанството.

Срамота. Наместо да дадат предимство на духовното, Поповиве на преден план го ставаат материјалното.  Инаку своја вина во оваа состојба ја имаат и властодршците со тоа што делат на секој екор дрва за палење на овие огнови. Општина Аеродром годинава предвидел да подели 150 кубици дрва. И тоа во името на Христијанството. Утка. Само го поддржуваат паганството. И уште нешто. На овие собири наместо да се пеат коледарски песни, се става јако озвучување и се слуша секаква музика. Од патриотски песни до српски староградски песни. Ако не ми верувате прашајте го BataDjango.

Ова мора да престане.

п.с.

Фотките ги позајмив од кај Зорив како најсвеж пример на гореспомнатото.

Posted in локално | Tagged: , , , , , , | 12 Comments »

 
This work by svabo is licensed under a Creative Commons Attribution 2.5 Macedonia.